HOLLYWOOD, CA - JANUARY 19: A scene from the movie "Titanic" which was nominated for a record-tying 14 Academy Awards 10 February. "Titanic" was nominated for Best Picture, Best Director, Best Actress and Best Supporting Actress. (Photo credit should read MERIE WALLACE/AFP/Getty Images)

Потонувањето на Титаник до ден денес остана една од најголемите поморски катастрофи која сите ја паметат. Таму за среќа преживеал Србинот Никола Лулиќ кој на тој кобен датум, 12-ти април 1912-та година бил патник од третата класа на пат кон Америка.

Никола Лулиќ имал само 29 години кога успеал да набави карта за најголемиот патнички брод од тоа време. Роден е на 24-ти февруари 1883-та година, а живеел во Коњско Брдо сè додека не го регрутирале од австроунгарската војска.

Не сакал да служи во ниту една војска освен во српската, сведочел неговиот правнук Марко Лулиќ во интервју пред неколку години поради што тргнал на пат за Америка во 1902-та година.

Четири гдини работел во рудник во Минесота, а потоа се вратил дома за да го посети своето семејство. Поради работа во 1907-та година повторно се вратил во Америка. Во 1911-та година тој ја набавил картата за Титаник за тогашни 170 франки.

„Тој кобен 14-ти април Никола како и обично се подготвувал за спиење, но околу полноќ се слушнал потрес.

Раскажувал дека почувствувал само мал потрес, но тоа можеби било поради позицијата на неговата кабина која се наоѓала точно на средината на бродот.

Посадата ги уверувала патниците дека ништо сериозно не се случило. Патниците од третата класа за катастрофалниот судир на Титаник со мразот дознале дури кога виделе дека водада протекува во ходниците“ – раскажал Марко Лулиќ.

Имало помалку чамци за спасување отколку што биле потребни за 2.000 патници. Капетанот барал прво да се сместат децата и жените. Никола се нашол во вода.

„Постојат две верзии како тој влегол во чамецот и се спасил. Една е дека на главата имал офицерска капа и поради тоа го извлекле од водата.

Друга, во која верувам јас повеќе дека од еден од чамците паднало дете, а Никола го вратил назад. Мајката на детето му пружила рака и тој се качил на чамецот“ – раскажал правнукот Марко.

Набрзо, бидејќи влегол во чамецот за спасување со број 15, по Никола и другите луѓе кои преживеале дошол брод за спасуање “Карпатија“ кој ги однел до Њујорк. Никола до крајот на Првата светска војна работел во Минесота.