Зеленски рече дека не е подготвен да капитулира бидејќи е претседател избран од народот.

Украинскиот претседател за американскиот телевизиски канал Еј-би-си рече и дека го загубил интересот за прашањето за пристапување на земјата во НАТО.

Украинскиот претседател за американскиот телевизиски канал Еј-би-си рече и дека го загубил интересот за прашањето за пристапување на земјата во НАТО.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека е подготвен за дијалог со Русија за статусот на Крим, како и за самопрогласените републики Доњецк (ДНР) и Луганск (ЛНР).

Кремљ вчера соопшти дека е спремен да ја прекине воената операција доколку Киев ја признае независноста на ДНР и ЛНР и одбие да му се приклучи на „кој било блок“.

Во интервју за Еј-би-си Зеленски рече дека никој освен руските власти не ја признава независноста на тие „псевдорепублики“.

„Но можеме да размислиме и да најдеме компромис за тоа како ќе постојат окупираните територии и тие републики. Она што е важно за мене – како таму ќе живеат луѓето што сакаат да бидат дел од Украина. Кој во Украина сака да ги прифати? Затоа, прашањето е многу покомплицирано од само признавање статус“, рече Зеленски.

Тој нагласи дека Украина „не е подготвена за ултиматуми“, додавајќи дека рускиот претседател Владимир Путин „мора да почне да разговара, да почне дијалог“.