Рускиот атак на Украина, предизвика мачнина кај слободомислечкиот народ ширум светот и речиси сите без исклучок се со осуда за ваквиот руски чин.
Вчера доцна навечер, стигнаа позитивни вести од рускиот државен врв, одредени услови кои би требало да ги исполни Украина, за да почнат мировни преговори.

Москва е подготвена за преговори за предавање на Украина, соопшти вечерва портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Како што наведе, претседателот Владимир Путин е подготвен за преговори со претседателот на Украина Владимир Зеленски, со фокус на „гаранциите за неутрален статус“ и „ветувањето дека нема да има ору жје на територијата на Украина“, пренесоа агенциите.

Тоа се условите, рече Песков, кои ќе овозможат постигнување на „демилитаризација и денацификација на Украина“ и ќе го елиминираат она што Русија во моментов го смета за „закана за безбедноста на руската држава и народ“.
– Претседателот ја формулираше својата визија за тоа што би очекувале од Украина за да ги решиме горливите проблеми. Тоа е неутрален статус и одбивање да се инсталираат и користат системи за оружје – рече Песков.

Легендарниот руски шахист Гари Каспаров, продемократски активист, денеска на Твитер напиша какви потези треба да преземе Западот за да го спречи Владимир Путин.
–Во ред, откако со години ги игнорираа моите предупредувања и сега цел ден слушав како сум бил во право, ќе го повторам она што го кажав во 2014 година: „Престанете да ми кажувате дека сум бил во право и слушнете што предлагам сега!“.

– Веднаш дадете и воена поддршка на Украина. Дадете им го целото оружје, интелигенцијата. Уништете ја финансиски во ената машина на Путин.
Замрзнете ги и запленете ги руските финансии, неговите финансии и тие на неговата банда. Извадете ја Русија од секоја меѓународна и финансиска институција. ПССЕ, Интерпол итн., додаде тој.

– Отповикајте ги сите амбасадори од Русија. Нема смисла веќе да се зборува. Новата договорена порака треба да биде – прекинете го нападот или ќе бидете целосно изолирани.
Забранете ги сите елементи на глобалната пропагандна машина на Путин. Исклучете ги, исклучете ги, пратете ги дома. Престанете да му помагате на диктаторот да шири лаги и омраза, вели Каспаров.

-Откријте ги слугите на Путин во светот. Ако Шредер и другите како него продолжат да работат за Путин, покренете тужба.
Прашајте ги сопствениците на мрежата и огласувачите, како Карлсон, кои му даваат простор на Путин, зошто тоа го дозволуваат, вели легендарниот шахист.

Тој додава дека светот треба да најде замена за нафтата и гасот.
– Најдете замена за руската нафта и гас. Притиснете го ОПЕК, зголемете го производството, повторно отворете го Keystone.
Не можете да спасите планета ако не ги спасите луѓето на неа. Признајте дека ќе има трошоци, жртви. Долго чекаме, цената е висока, но само ќе расте. Време е за борба, рече Каспаров.

Каспаров на Твитер наведува и дека не се работи само за „Путин против Украина“, и дека рускиот претседател пред неколку дена бил во Пекинг со Си Џинпинг.
– Ова немаше да се случи доколку не се договореа. Кина може да се преправа дека е неутрална, но диктатурите се држат заедно. Демократиите мора да го сторат истото, напиша Каспаров.