Поднесена е тужба против најголемите светски производители на чоколада дека свесно искористуваат деца работници во Африка.

Школата Milton Hershey во Пенсилванија е една од најбогатите образовни институции во светот. Основана е во 1909 година како сиропиталиште за „бели“ деца, а доделени ѝ се 30 посто од идната компанија на Милтон С. Херши после неговата смрт. Благодарение на пазарниот успех на Kit-Kat, Reese’s и Whoppers, школата денес вреди неверојатни 7,8 милијарди долари.

Во неа денес учат околу 2.000 ученици, а школата има контролен интерес во компанијата на Херши, вредна 22,3 милијарди долари. Тешката иронија е дека институцијата чии корени се во заштитата и образованието на децата, според обвиненијата, зависи од какао кое го берат деца работници во западна Африка.

The Daily Beast пишува дека тоа е иронија која служи како мотив за тужбата која е поднесена против Hershey, и неговите два конкуренти, Mars и Nestlé. Во тужбата која ја поднеле тројца граѓани на Калифорнија пишува дека овие компании се виновни поради лажно рекламирање, бидејќи не откриваат дека зависат од работата на деца робови при пакувањето.

Без никакво прашање, компаниите ги лажат потрошувачите и ги наведуваат несвесно да ја подржуваат ропската детска работна сила.
– Најголемите и најпрофитабилни американски прехранбени компании не би требало да го толерираат детскиот работен труд, а уште помалку трудот на деца робови, било каде во рамките на ланецот на набавка – се вели во тужбата.

Оваа тужба е нов пристап кон стариот проблем. Пред 15 години се појавија првите обвиненија за робовски труд на децата во рамките на оваа индустрија, кои предизвикаа бес кај американската јавност.
Во западна Африка се наоѓаат две третини од засадите на какао во светот. Ова е главна состојка на чоколадата, која се произведува во индустрија вредна 90 милијарди долари.