Во обраќањето до граѓаните при посетата на Дољевац, Вучиќ рече дека во наредниот период платите и пензиите мора да растат уште побрзо.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Дољевац изјави дека за првпат индустријата е пред граѓаните по потрошувачката на струја, што покажува како напредува државата.

„Србија нема да нападне никого, но наша работа е да ја заштитиме земјата, особено затоа што не сме членка на НАТО и мораме да ја обезбедиме нашата слобода и безбедно небо, а тоа ќе можеме да го направиме“, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ. и најави значително поголеми инвестиции во армијата.

Тој рече и дека армијата бара огромни пари, од 700 милиони евра годишно, покрај зголемувањето на платите за осум отсто, но дека не им ветил ништо додека не се направат опсежни анализи за околу еден месец.

Претседателот на Србија рече дека граѓаните на 3 април ќе одлучат кому ќе му веруваат и дека не го интересираат политичките противници и протестите.

Тој тоа го рече, одговарајќи на прашањето, што мисли за тоа што политичките противници и Драган Ѓилас ги презеле протестите и блокадите, како и за тоа што денеска има мал број луѓе на нив, објави Танјуг.

Превземено од Вечер.мк https://vecer.mk/balkan/vuchikj-po-15-fevruari-penzionerite-dobivaat-ushte-po-20-000-dinari/?fbclid=IwAR2oGB7YtJTzDd285ca5MTTtNWVaJ4zXm9vMYdXX4f7Cn2nw5kHtpGS0NIw