Таа направи две работи и сега е во инвалидска количка

Моника Капоња (39) отишла на лекар поради болки во стомакот, а во рок од 11 дена изгубила три екстремитети – двете нозе и едната рака итно биле ампутирани.

Моника, од унгарскиот град Пекс, за локалните медиуми изјави дека во јануари оваа година добила силни болки во стомакот. Отишла на лекар, каде итните прегледи утврдиле дека има перфорации и руптури во стомакот и дека треба да се оперира.

– Advertisement –


Овој проблем може да биде предизвикан од чирови, камења во бубрезите, па дури и воспаление на слепото црево. Компликациите вклучуваат сепса и васкуларна оклузија, или блокада на крвните садови.

Токму оваа последна компликација, која не мора да дава никакви симптоми, доведе до тоа на несреќната жена да и се ампутираат двете нозе и левата рака. Блокирањето на крвните садови значеше дека лекарите не можат да ги поправат поголемите крвни садови и не можат да ги спасат нејзините нозе и раце.

За само три месеци Моника била оперирана 16 пати и било утврдено дека има и генетски фактор на предиспозиција за сериозна тромбоза и васкуларна оклузија.