TickToker, кој тврди дека е патник низ времето, објавува катаклизмични пророштва

Непознат млад човек, кој се прослави со своите видеа за иднината на социјалните мрежи, ги предупреди сите да се подготват за многу лоша година.

Според него, војната во Украина е само почеток на нешто многу полошо. На TikTok е познат како „Time Traveler“, а во новото видео спомнува настани кои наводно се од неговата историја.

– Америка и Северна Кореја се во конфликт. Има војна. За тоа време се појави нов вид на корона. Пет пати е полошо и посмртоносно од се што знаеме – вели овој човек во видеото

Потоа тој кажува како НАСА ќе открие нова планета каде што постои живот, додека Земјата ќе се соочи со природни катастрофи.

– Ќе бидеме погодени од многу временски непогоди. Особено САД. Покрај разорните земјотреси кои ќе го погодат Лос Анџелес и околината, луѓето ќе треба да се справат и со урагани кои ќе ја разорат земјата – вели овој млад човек.

Потоа доаѓа најлошиот дел.
„Океаните не се истражени. Човечката раса наскоро ќе открие таен подводен град. После тоа, работите стануваат многу опасни. Метеор ќе падне на земја, недалеку од кинескиот брег.

Посетителите доаѓаат кај нас од вселената. Вонземјаните првпат ќе контактираат со луѓе, но бидете внимателни. Тие не доаѓаат во мир. Некои од нив ќе напаѓаат луѓе – тврди тој.

Иако повеќето луѓе се согласуваат дека овој млад човек има само жива фантазија и тврдат дека ги гледаат неговите видеа од забава, има и такви кои му веруваат.

Во јануари 2022 година, овој млад човек предвиде дека ќе има војна во Украина, а кога тоа се случи, неговиот профил „заработи“ десетици илјади нови следбеници.

– Корона вирусот на крајот ќе стане како настинка, уште поблага. Поголем проблем од тоа е подигањето на нивото на морето, поради што 500 милиони луѓе ќе мора да ги напуштат своите домови, пишува Дејли Стар.