


Донесена е одлука да се предадат заробените руски војници на нивните мајки доколку дојдат да ги земат во Украина, во Киев, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.




Украинските власти денеска ги повикаа загрижените мајки на руските војници заробени на бојното поле да дојдат и да ги земат своите синови.




„Донесена е одлука да се предадат заробените руски војници на нивните мајки доколку дојдат да ги земат во Украина, во Киев“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.




Во соопштението не е прeцизирано за колкав број на заробени војници станува збор.




Ќе бидете пречекани и испратени до Киев, каде што ќе ви бидат предадени вашите синови“, соопшти украинското министерство, додавајќи дека за разлика од, како што се вели, фашистите на Путин, тие не водат војна против мајките и нивните заробени деца, пренесе „Бета“.




„Ал Џазира“ потсетува дека за време на конфликтот меѓу Москва и чеченските сепаратисти во 1990-тите и 2000-тите, мајките оделе на местото на настанот за да ги земат своите заробени синови




Бројни млади руски регрути беа испратени на фронтот, а некои биле заробени.