Пентагон има тајна единица за истражување на НЛО, а наскоро ќе мораат да го објават она што го откриле во своите истражувања. Иако тврдиле дека тајната програма за идентификација на НЛО е распуштена во 2012 година, изгледа дека само е преместана и преименувана.




Она што е посебно интересно е дека барем дел од своите откритија ќе мораат да ги објават 180 дена од донесувањето на законот за авторизација на разузнавачките податоци.
И додека некои вклучени во програмата се надеваат дека ќе пронајдат докази за постоење на вонземски летала за кои се шпекулира со децении, главниот фокус е сепак на прашањето дали се работи за напредна технологија на сопарничките воени сили?




Меѓутоа, поранешниот директор на НЛО програмата и поранешниот военразузнавач Луис Елизондо потврдил дека тој и уште неколку поранешни државни лица и владини научници веруваат дека објектите со неутврдено потекло навистина паднале на Земјата, и дека нивните остатоци се однесени на анализа.




Елизондо, кој дал оставка во 2017 година, после 10 години на чело на НЛО програмата, смета дека таа програма повеќе нема да треба да биде скриени во сенки, и дека ќе добие нова транспарентност.
Да се потсетиме, теориите за НЛО, кои досега воглавно спаѓаа во домен на алтернативното или псевдонаучно истражување, добиле нов бран внимание во јавноста кога Пентагон официјално објави неколку снимки на средби на американски воени пилоти со НЛО.




Тие снимки уште во 2017 и 2018 година ги објави американската компанија “To The Stars Academy of Arts & Sciences”, која ја основал поранешниот член на рок бендот Blink-182 Том ДеЛонг, иначе љубител на теории на завера.




Американската морнарица минатата година ја потврди нивната автентичност, но нагласи дека нема сознанија за какви точно објекти се работи. Официјално лице од морнарицата изјави дека морнарицата верува дека се работи за вонземски летала.
Важно е притоа да се гласи дека НЛО не означува вонземско летало, туку едноставно летало чија природа и потекло не се идентификувани – како што и самото име вели, пишува Б92.нет
ВИДЕО



