Во Урал ќе се гради најголемата православна црква во светот, а ќе има капацитет од околу 37.000 верници.
Jабчева рече дека храмот треба да биде висок 77 метри, исто така дека ќе има 12 престоли и дека ќе биде изграден на местото каде што се наоѓа Централноуралскиот женски манастир.

„Така, новиот храм ќе биде повисок за 22 метри од Аја Софија во Истанбул, која е висока 55 метри“, рече Јабчева, истакнувајќи дека инвеститорите во изградбата на храмот ќе бидат од целиот свет.
Таа објасни дека Централниот женски манастир не може да ги прими сите верници, а бројот постојано се зголемува, поради што пред 2,5 години се појавила идејата за изградба на Катедралата премудрост Божја.

Проектот е веќе завршен и прашањето за земјиштето е решено, пренесува Спутник.
Камен-темелникот за катедралата ќе биде поставен оваа година.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:
Видео