Надзорните камери снимија светлосен блесок неколку секунди пред саботниот земјотрес во кинеската провинција Кингхаи.
На видеото е снимен голем блиц кој му претходи на земјотресот, чија автентичност допрва треба да се потврди.

Многу корисници на социјалните мрежи сугерираат дека надзорната камера на зградата најверојатно снимила експлозија на трансформатор лоциран далеку од локацијата на камерата.
Бидејќи земјотресот стигна до зградата со кратко задоцнување, се чини дека блесок му претходи на потресот, сметаат тие.

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди ретко населената област во северозападната кинеска провинција Кингхаи во саботата вечерта.
Земјотресот погоди неколку поголеми градови. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил со јачина од 6,3 степени.

Според локалните сеизмолози, магнитудата била 6,9 степени. Во земјотресот се повредени девет лица, а осум се веќе пуштени од болница.

Dazzling light flashes before Qinghai earthquake- video