Воздухопловот на Путин кој е опремен со најновите системи и технологии.

Новиот претседателски авион за рускиот претседател Владимир Путин значајно ќе се разликува од претходните модели на летало, изјавил генерал-мајор Владимир Попов за руската телевизија Ѕвезда.

Тој открил и некои од безбедносните карактеристики на новиот претседателски авион Il-96-300PU. Како што изјавил, леталото е опремено со радарска, радио-техничка, оптичко-електронска и визуелна контрола.
Според зборовите на Попов, значајната промена е направена благодарение на воведувањето на системот за контрола на воздушниот простор околу леталото.

-Значи, распоредените системите за сила и средства за надгледување на воздушниот простор околу леталото, сега се многу понапредни отколку било кога порано – изјавил експертот.

Како што додал, целата опрема е двојно зголемена за случај на избивање на вонредни ситуации, а некои дури и повеќе пати, додека одредена опрема е во целост заменета со други слични уреди.

Овој авион има четири мотори. Дури и два од нив да откажат, авионот може да лета и високо, и ниско, и да маневрира – изјавил Попов, кој истакнува дека дури и со само еден мотор, претседателскиот авион може да прелета до 800 километри и мирно да се приземји.

Пилотот смета дека главната заслуга за правење на безбеден претседателски авион им припаѓа на руските конструктори, односно на докторот по технички науки и професорот Хенрих Новожилов.

Како што е порано соопштено, првите летечки испитувања на новиот авион се завршени во фабриката на авиони во Вороњеж.

Да се потсетиме, авионот No. 1 не е само едно летало, туку цела флота која не ја користи само претседателот, туку и владата на Русија.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи: